18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Не можеме да го донесеме Меси

Мурињо: Не можеме да го донесеме Меси

mes

Жозе Мурињо, менаџерот на англискиот премиер лигаш Челзи, ги отфрли сите можност „сините“ од Лондон да го ангажираат Аргентинецот Лионел Меси.

Откако пред неколку дена играчот на Челзи, Сеск Фабрегас изрази желба неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси да дојде во лондонскиот клуб, Мурињо ја отфрли таа можност.

– Не постои никаква можност тоа да се оствари, бидејќи не смееме да го прекршиме правилото за фер-плеј’, изјави Мурињо за англиските медиуми.

Португалецот потенцира дека за евентуален трансфер на Меси од „Камп Ноу’’ на „Стенфорд Бриџ’’ би требало да се потроши сума на пари која клубот сега не може да си ја дозволи.

– Покрај тоа, не верувам дека Барселона имаа намера да го пушти Меси, дополнува Мурињо.

Четирикратниот најдобар фудбалер на светот, Меси, минатиот месец за прв пат во кариерата најави дека би можел да ја напушти Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП