6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрва мобилна апликација за повикување такси

Прва мобилна апликација за повикување такси

taksi app

Промовирана е првата мобилна бесплатна апликација за повикување такси во Македонија. Апликацијата „Claxi“ е достапна за сите андроид корисници, а според најавите наскоро и за корисниците на IOS. Бета верзијата стартуваше во Скопје и Куманово.

Claxi, според соопштението од агенцијата задолжена за промоција, овозможува со едноставен клик, да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот кај претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот.

„Таксистите ќе имаат можност за повеќе повици, директна комуникација со патниците, полесно лоцирање на истите, намалување на празните километри и можност самите да си ја одредат цената и попустот, како и да приложат дополнителни информации за моделот на возилото(слика), бројот на возилото и регистарските таблички, бојата, дали возилото е климатизирано или не, информации за возачот (слика), име и презиме на возачот, име на компанијата и време на чекање“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП