Напаѓачот на Милан, Фернандо Торес може да се врати во родниот клуб Атлетико, навести претседателот на „јорганџиите“, Енрике Серес.
30-годишниот фудбалер е тинејџер на „јорганџиите“ и игра за тимот до 2007-ма година, кога премина во Ливерпул за 20 милиони фунти. Тој се претстави во одлично светло во дресот на „црвените“ и беше продаден на Челзи за 50 милиони во 2011-та година. Оттогаш сепак и не успева да се врати во старата форма.
Престојот како позајмен играч во Милан, кој започна во текот на летото, во оваа фаза е исклучително неуспешен. Торес одигра десет натпревари во Серија А, а притоа успеа да постигне погодок само еднаш. Во исто време Атлетико не би се лишил од засилување во нападот, за да може да го оддржува доброто ниво на трите фронта – првенството, Купот и Лигата на Шампионите.
Во текот на летото „јорганџиите“ се разделија со Диего Коста и Адријан, но ги привлекоа Марио Манџукиќ, Антоан Гризман, Раул Хименез и Анхел Кореа. Хименез засега не се претстави доста убедливо, кога доби шанса за докажување, додека 19-годишниот Кореа уште нема натпревар за првиот тим.
„Торес не е тука, но тоа не значи дека нема да биде“, изјави Серес, цитиран од медиумите.
„Во моментов имаме одличен тим и веруваме дека сите позиции се добро покриени. Ова сепак не значи дека до последниот час на 31-ви јануари нема да привлечеме некого. Имаме фантастичен тим кој ќе се бори за трите трофеи“, додаде претседателот на Атлетико.