Италијанскиот гигант Интер постигнал договор за личните услови на германскиот репрезентативец Лукас Подолски, открива „Кориере дело Спорт“.
29-годишниот напаѓач на Арсенал има желба да го напушти „Емирати“, откако го загуби своето место во првиот тим на „топџиите“. Подолски има само седум натпревари во Премиерлигата од почетокот на сезоната, а и во секој еден од нив влегувал како резерва и се уште не постигнал гол.
Претстојат преговори помеѓу двата клуба, но не е исклучена и опција за позајмување на Германецот на „нероазурите“ до крајот на сезоната со опција за купување.
Новиот тренер на Интер, Роберто Манчини сака да го засили составот со класа напаѓач во текот на зимата и Подолски е цел број 1. Италијанците сепак се подготвени да дадат максимум 6 милиони евра, што е помалку од половина од уплатените од Арсенал 11 милиони фунти за играчот на Келн во 2012-та година.
Подолски има договор со „топџиите“ за уште 18 месеци.