7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал ќе даде 50 милиони фунти за Кавани

Арсенал ќе даде 50 милиони фунти за Кавани

kavani 333

Англискиот клуб Арсенал и шампионот на Франција во фудбал во последните две години ПСЖ ги договориле условите за премин на напаѓачот на „светците“, Единсон Кавани, соопшти британскиот весник „Дејли експрес“.

Лондонски клуб ќе плати за 27-годишниот Уругваец сума од 50 милиони фунти. Според информациите на „Дејли експрес“, тренерот на ПСЖ, Лоран Блан не е против продажба на напаѓачот.

Договорот ќе се реализира во текот на јануарскиот преоден рок.

Во оваа сезона Кавани настапи на 26 натпревари во дресот на ПСЖ во кои забележа 13 гола. И покрај добрите резултати, Уругваецот не е задоволен од својот статус во тимот, каде што тој е во сенка на незаменливиот Златан Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП