18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлександер Лаказет - Каде ќе замине најдобриот напаѓач на Лига 1?

Александер Лаказет – Каде ќе замине најдобриот напаѓач на Лига 1?

lakazet 34

Неколку заинтересирани клубови ги следат одличните настапи на овој напаѓач во оваа сезона.

Минатата сезона одигра одлично, а оваа сезона е вистинска сензација во француската Лига 1, па во моментов Александер Лаказет се наоѓа на радарот на многу европски гиганти.

Напаѓачот на Лион оваа сезона има неверојатна статистка и веќе постигна 17 гола на 19 натпревари, што е навистина многу ако се земе предвид силината на француската лига.

Со своите 23 години му претстои светла иднина како на клупско ниво, но и за репрезентацијата на Франција, каде до сега запиша 5 настапи.

Неколку гиганти ширум Европа се заинтересирани да го видат во своите редови меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Интер и ПСЖ, но Лион ќе се согласи на негова продажба само доколку пристигне „непристојна понуда“.

Лион оваа сезона се бори за титулата во француската лига со само два бода заостанување зад лидерот Марсеј, а најзасужен за тоа е секако Лаказет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП