Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија и годинава традиционално ги избираат најуспешните во спортот за 2014 година.
– Годинава славиме голем јубилеј, 60 години од првиот Избор на спортист на годината. Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па навамумногу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески.
Тој ги информира присутните за кои категории ќе се гласа, начинот на изборот на спортистот и кој ќе учествува во гласањето.
– Номинирани спортисти во девет категории за кои што ќе се гласа, како и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои ќе учествуваат во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт, рече Спасески.
Во категориите со по пет кандидати ќе се гласа со 1,2,3 4 и 5 поени, додека во категориите со три номинации ќе се доделуваат 1,3 или 5 бода.
Категории и номинирани спортисти, спортски работници и федерации:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА
ЕМИЛ ПАВЛОВ – Карате 1-во место ЕП (прв златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате во Тампере, дисциплина кумите
ИГОР СТЕФАНОВСКИ – Автомобилизам 1-во место ЕП (Прв европски златен медал во историјата на Македонскиот авто спорт – ридски патеки)
АЉОША НЕДЕВ – Трад. карате 1-во место СП (Прв светски златен медал во историјата на македонското трад. карате во Египет, дисциплина кого – кумите)
ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ – Маратон пливање 2-ро место Гран при пливачки маратони (Вицешампион на светската серија во далечинско пливање)
ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ – Алпинизам К-2 (прв Македонец кој се искачил на вториот највисок, истовремено најтежок врв за искачување во светот).
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА
МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА – Ракомет Пласман меѓу 12-те во ЛШ (најдобар стрелец во Лигата на шампионите за Крим, најзаслужна за пласман меѓу 12 најдобри во ЛШ)
ЈАДРАНКА НЕДЕВА ЈАРЧЕВСКА – Трад. карате 1-во место СП (прв златен медал на Светско првенство во Египет во традиционално карате, дисциплина кого – кумите)
ЛИНА ЃОРЧЕСКА – Тенис (освоен турнир во Софија и вкупно 3 финалиња на меѓунадорни турнири)
НАТАША АНДОНОВА – Фудбал 1/2 финале ЛШ (репрезентативка на Македонија, една од најдобрите во Постдам – полуфиналист во женската ЛШ)
ЈУЛИЈА НИКОЛИЌ – Ракомет, 3-то место ЛШ (трето место во ЛШ во Европа и освоени првенство и куп на Македонија со ЖРК Вардар).