2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГо нудат Чех на Ливерпул!

Го нудат Чех на Ливерпул!

petr golmanot11111

Ливерпул и Арсенал беа известени од агентот на играчот да направат понуда за голманот на Челзи, Петр Чех, пишува британскиот „Мирор“.

Како што е познато, Чехот стана резерва на „Стемфорд Бриџ“ по доаѓањето на Тибо Куртоа. На „Енфилд“, пак, се многу незадоволни од претставувањето на Симон Мињоле и дури во последните две средби, Брендон Роџерс му даде доверба на вториот голман Бред Џонс.

Пред неколку недели Мурињо го пофали однесувањето на Чех, но навести дека нема да му стои на патот, ако тој сака да го напушти клубот. Португалецот сепак беше категоричен дека до овој момент нема понуди за голманот.

„Малку е веројатно Петер да го напушти Челзи во јануарскиот преоден рок. Клубот и тренерот сакаат да го задржат, за да можат да ја освојат титулата“, коментира агентот Виктор Колар за „Мирор“.

„Мислам дека Арсенал треба да направи понуда за него. Мислам дека Петр ќе ја разгледа. Ливерпул има потреба да ја засили позицијата на голот и тие знаат дека Петр ќе биде на располагање во текот на летото“, продолжи агентот.

„Имавме контакт и со Реал Мадрид, но во моментов тие немаат потреба од голман“, заврши Колар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП