7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G му продаде два свои бренда на ривалот Unilever

P&G му продаде два свои бренда на ривалот Unilever

P&GP&G--procter-gamble

Американската компанија „Procter & Gamble – P&G“, број еден во светот во секторот за производи за широка потрошувачка, одлучи да ги продаде своите два бренда на сапуни „Camay“ и „Zest“ на ривалот „Unilever“.

Како што соопштија од „P&G“, без наведување на вредноста на трансакцијата, операцијата вклучува продажба на еден погон во Мексико кој вработува 170 лица, пренесува Ројтерс.

Истиот извор потсетува дека „P&G“ уште во август оваа година објави дека има намера да ги продаде своите помалку профитабилни активности, со цел да се насочи на останатите 80 успешни брендови, од кои најпознати се детергентот за алишта „Tide“ и пелените „Pampers“.

„P&G“ минатиот месец го продаде својот бренд „Duracell“ на инвестициската компанија „Berkshire Hathaway“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП