22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома си заминува од „Олимпико“, клубот ќе гради нов стадион

Рома си заминува од „Олимпико“, клубот ќе гради нов стадион

roma olimpiko

Рома ќе добие дозвола од општината на Рим за изградба на нов стадион, објавија локалните медиуми.

Клубот ги поднесе сите потребни документи на властите кои потврдија дека проектот може да биде реализиран.

„Им честитам на сите Римјани во овој историски ден“, изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.

Неговиот клуб ќе инвестира во изградбата на стадионот околу 1.2 милијарди евра. Според плановите објектот треба да е со капацитет 52.000 гледачи и да биде завршен во 2017-та година.

Рома треба да добие дозвола и од властите на административниот регион Лацио. Во моментов, „волците“ го делат стадионот „Олимпико“ со градскиот ривал Лацио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП