7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанекенка се нуди да биде возач на Марко Ројс

Манекенка се нуди да биде возач на Марко Ројс

roys

Германската манекенка Џордан Карвер му порача на фудбалерот Марко Ројс, кого полицијата пред неколку дена го казни со 540.000 евра, дека е подготвена да биде негов целодневен личен возач.

Имено, еден од најуспешните германски фудбалери дури седум години возел без возачка дозвола, поради што ја заработи високата парична казна.

– Мој мил Марко, ќе бидам твој личен возач 24/7 и ќе ти помогнам да ја добиеш својата возачка дозвола. Или сакај ме или од Борусија Дортмунд премини во Баерн. Знам дека сум малку сурова, но двете опции се подеднакво добри, му порача Карвер на Ројс.

Пренесувајќи ја оваа невообичаена понуда, весникот „Дејли Мејл“ наведува дека останува да се почека одговорот на 25-годишниот фудбалер, кон кого манекенката очигледно има симпатии.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП