21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл се согласил да премине во Јунајтед!?

Бејл се согласил да премине во Јунајтед!?

Bale-United-5

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл дал согласност да премине во Манчестер Јунајтед, тврди „Сандеј експрес“.

Според информациите англискиот клуб бил подготвен да го собори сопствениот трансфер-рекорд. Од „Олд Трафорд“ биле подготвени да платат 80 милиони фунти за велшкиот репрезентативец.

Евентуалното реализирање на трансферот ќе се случи во текот на летото. Самиот фудбалер и неговото семејство гледале позитивно на идејата да се вратат во Англија.

Бејл премина од Тотенхем во Реал за рекордни 86 милиони фунти.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал и раководството веќе покажаа подготвеност да инвестираат големи суми. Ова лето на „Олд Трафорд“ беше земен Анхел ди Марија за рекордни за клубот 59.7 милиони евра.

Ван Гал го сака во својот состав Кевин Стротман од Рома и Матс Хумелс од Борусија Дортмунд, дополнува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП