27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса преговара со Нејмар за нов договор

Барса преговара со Нејмар за нов договор

neymar1-4

Раководството на Барселона почна преговори со Нејмар и неговиот татко за продолжување на договорот на фудбалерот, соопштува весникот „Спорт“. „Каталонците“ не си го губат времето и сакаат да го продолжат договорот на играчот пред крајот на оваа сезона.

22-годишниот фудбалер има договор со „каталонците“ до летото 2018-та година.

Од Барселона му понудиле нов договор на играчот, кој ќе биде до 2020-та година.

Овој потег е еден од одлучувачките за ова раководство на Барселона пред претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат во клубот во текот на летото на 2016-та година.

Во моментов Нејмар добива плата од околу 5 милиони евра годишно, а при новите услови таа ќе биде зголемена.

Ослободувачката клаузула која ќе биде запишана во неговиот договор ќе се задржи, каква што е во моментов – 190 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП