28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмпресивна „кралска“ година!

Импресивна „кралска“ година!

kralevi 35

2014-та година наскоро ќе си отиде. Многу фудбалски тимови можат да бидат горди со настапот во поминатите 365 дена, но ако треба да биде избран само еден, тогаш тоа дефинитивно треба да биде Реал Мадрид.

„Кралскиот“ клуб се претстави фантастично и им донесе многу радости на навивачите. За прв пат во својата историја тимот грабна четири трофеи во рамките на една календарска година – Лигата на Шампионите, Суперкупот на Европа, Купот на Шпанија и Светската клупска титула.

Несомнено најважна за навивачите беше подолго очекуваната „Ла Десима“ – 10-тиот триумф во Лигата на Шампионите. „Кралевите“ чекаа цели 12 години да дојдат повторно до највредната клупска почест. А во финалето драмата беше неверојатна. Атлетико Мадрид поведе рано, но голот на Серхио Рамос во еден од последните напади го испрати натпреварот во продолжение. Таму Реал беше безмилосен, постигна 3 гола и го крена одликувањето.

Суперкупот на Европа беше освоен од момците на Карло Анчелоти по успехот со 2: 0 над победникот во Лига Европа, Севиља. Купот на Шпанија, пак, дојде по успехот во финалето над Барселона со 2:1, а натпреварот ќе се запамети со фантастичен гол на Герет Бејл во 85-тата минута.

Последното признание – светската клупска титула, тие дојдоа во саботата против Сан Лоренцо со 2:0.

Во календарската 2014-та година Реал Мадрид одигра 63 натпревари, во кои забележа 51 победа, 5 реми и 7 порази. Гол разлика е исто така импресивна – 180:41. Ова прави 2.85 гола постигнати во просек на натпревар наспроти 0.65 примени.

2014-та година влезе во историјата и како прва во која Реал Мадрид забележа над 50 победи во официјалните натпревари.

Со светската клупска титула Реал Мадрид стана и број 1 во историјата на Шпанија со вкупно 79 трофеи. Барселона остана на второто место со 78.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП