17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао посакува да остане подолго на „Олд Трафорд“

Фалкао посакува да остане подолго на „Олд Трафорд“

Radamel-Falcao-012

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Радамел Фалкао, изјави дека има желба да остане во клубот, во кој во моментов игра како позајмен играч.

Колумбиецот призна дека неговата иднина на „Олд Трафорд“ зависи и од тоа колку често влегува во игра. 28-годишниот фудбалер има еден гол во осум натпревари по неговото пристигнување од Монако во оваа сезона.

Во почетокот на декември менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал изјави дека Фалкао е подготвен да игра само по 20 минути на натпревар. Самиот фудбалер инсистираше на тоа дека веќе е речиси 100% подготвен.

„Јас сум многу среќен во овој град и овој клуб. Навистина сакам да останам тука“, рече Фалкао.

Јунајтед има опцијата да го купи напаѓачот на крајот на сезоната за сума од 43.5 милиони фунти. Во моментов тој страда од повреда на потколеницата и добива околу 265 илјади фунти неделно од клубот.

Фалкао го пропушти светското првенство поради тешката повреда на коленото и се уште има минимален придонес во играта на Јунајтед по пристигнувањето за надомест од 6 милиони фунти.

„Би сакал да ја продолжам кариерата тука, но треба да ја анализирам ситуацијата, да видам дали ќе можам да играм повеќе и каква одлука ќе донесе Бордот на клубот. Секој фудбалер сака да игра, никој не ужива обратно. Се чувствувам подготвен да му помогнам на тимот, кога има потреба од мене. Досега немам многу минути на теренот, но сум сигурно дека ќе имам уште многу можности да играм“, додаде Колумбиецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП