9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул договори да го купи голманот на Малага

Ливерпул договори да го купи голманот на Малага

gijermo-ochoa

Ливерпул се договорил со Малага за голманот на шпанскиот клуб, Гилермо Очоа, тврди британското издание „Метро“.

Според електронските медиуми, „црвените“ ќе платат 3 милиони фунти на „андалузијците“ за мексиканскиот национален голман.

Очоа се очекува да биде стартер на „Енфилд“, бидејќи Симон Мињоле тотално разочара до моментов и се очекува да биде продаден.

Трансферната сума за Очоа веќе е договорена и ако се е во ред се очекува Мексиканецот да пристигне во клубот уште во првите денови на јануари.

Името на голманот беше поврзано со трансфер на „Енфилд“ уште во летниот трансфер прозорец, но на крајот тогаш тој потпиша со тимот на Малага.

Мексиканецот се претстави во добро светло за време на Светското првенство во Бразил. Самиот Очоа немал ништо против да ја смени средината, бидејќи нема голема минутажа во шпанскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП