Русија нема намера да се откаже од домаќинството на светското фудбалско првенство во 2018-та година и покрај кризата во која западна земјата.
„Темата воопшто не се дискутира“, рече претседателот на руската фудбалска федерација, Николај Толстих.
Руската рубља се распадна во последниве недели за да стигне до рекордно нискиот курс од 75 рубљи за еден долар.
Пред две години земјата објави дека од нивниот буџет ќе им бидат потребни 664.1 милијарди рубљи за да го организираат Мундијалот. По тогашниот курс тоа беа 20.5 милијарди долари, а сега веќе се 9.1 милијарди долари.
Претседателот Владимир Путин објасни во август дека бројот на стадионите нема да се намали.
Според планот Русија ќе ги организира средбите на 12 стадиони во 11 градови.
Неодамна претседателот на ФИФА, Сеп Блатер отиде во Москва за да провери како оди подготовката на домаќините. Тогаш Швајцарецот изјави дека има целосна доверба во руската влада.