5 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГигантите од Манчестер го посакуваат халфот на Барса

Гигантите од Манчестер го посакуваат халфот на Барса

ivan rak 35

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заинтересирани за хрватскиот фудбалер на Барса, Иван Ракитиќ, кој беше доведен на „Камп Ноу“ во текот на летото од Севиља, соопштува „Дејли експрес“.

Тренерот на каталонците Луис Енрике не е задоволен од прикажаното од Хрватот, кој спокојно може да размислува за трансфер уште оваа зима.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал сакаше да го купи Ракитиќ уште пред почетокот на сезоната, но „каталонците“ дадоа подобра понуда и ја освоија битката за Хрватот.

Чилеански менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини пак го смета за заменик на Франк Лампард, чиј закуп истекува на крајот на јануари и не е јасно дали ќе остане до крајот на сезоната.

Ракитиќ има 20 натпревари во дресот на Барса, а притоа постигна 3 гола и асистираше за уште два погодоци, но и покрај тоа Луис Енрике се потпира на ветеранот Чави во центарот на теренот.

Во текот на зимскиот период лутите ривали од Манчестер ќе водат битка и на фудбалскиот пазар, поточно за Хрватот, а според медиумите во Англија тие се подготвени да испратат понуди од околу 20 милиони фунти. Останува да се види дали Ракитиќ по само една полусезона ќе ги промени клупските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП