Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо пројавува сериозен интерес кон централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос и ќе се обиде да го привлече на „Стемфорд Бриџ“.
„Специјалниот“ сака да ја искористи ситуацијата околу новиот договор на дефанзивецот со „кралскиот клуб“. Според гласините Рамос не потпиша нов договор поради финансиските параметри на понудата, која ја има добиено од „белите“.
Други информации покажуваат пак дека Рамос сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, а за тоа алудираа и тренер на клубот, Карло Анчелоти.
Рамос и Мурињо се познаваат одлично од заедничката работа во Реал Мадрид пред неколку години, при заминувањето на Португалецот имаше гласини дека нивните односи не се многу добри.
Останува да се види, дали Рамос ќе си замине од најголемиот клуб во светот и ќе тргне по милионите кои ќе му ги понудат од Челзи, или пак ќе остане во Реал, каде што е еден од најважните играчи во овој клуб.