19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал финалист на Светското клупско првенство (видео)

Реал финалист на Светското клупско првенство (видео)

benzema

Европскиот шампион Реал Мадрид се пласира во финалето на клупското Светско првенство, откако синоќа го совлада мексиканскиот претставник Круз Азул со убедливи 4:0.

Европејците постигнаа по два гола во првото и во второто полувреме. Серхио Рамоз го отвори резултатот во 15. минута, Карим Бензема зголеми на 2:0 во 36., Герет Бејл во 50.минута ја продолжи серијата погодоци, за Иско во 72..минута да ги постави конечните 4:0.

За Реал Мадрид воедно ова беше и 21. победа во низа во сите натпреварувања.

Шпанскиот тим во финалето в сабота ќе игра против подобриот од средбата закажана за вечер во 20:30 часот меѓу Сан Лоренцо (Аргентина) и Оукленд Сити (Нов Зеланд), додека Круз Азул со поразениот од тој дуел ќе се бори за третото место.

Клупскиот фудбалски Мундијал годинава се игра во Маракеш, Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП