22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема да верувате поради која причина Нејмар го одбил Сити!

Нема да верувате поради која причина Нејмар го одбил Сити!

Neymar-012

Бразилецот внимателно анализираше кога го избирал европскиот клуб во кој ќе се пресели од својата татковина.

Летото 2013-та година ни го донесе еден од најзначајните трансфери во историјата на фудбалот.

Бразилското чудо од дете, сега капитен на селекцијата на својата земја, новиот лидер и идол на бразилската младина, Нејмар, реши да се пресели во Европа.

Kлубовите чекаа во ред, ја истражуваа можноста да го доведат фудбалерот, кој покрај играчките квалитети нуди и неверојатен маркетиншки потенцијал. Реал Мадрид и Барселона и тука беа лути ривали, исто како во „Ел Класико“, а зад нив беа останатите (финансиски) моќници.

Нејмар го посакуваше и Манчестер Сити.

„Граѓаните“ во летото 2013-та стапија во контакт со Сантос, но многу бргу дознаа дека немаат никакви шанси да го реализираат посакуваниот трансфер. Најверојатно беа многу збунети кога ја слушнале причината, која може да се каже дека е несекојдневна.

Имено, како што открива респектабилниот и добро информираниот „Гардијан“, Нејмар во тоа време цврсто верувал (можби тоа и денеска го мисли) дека за играњето по „каливите“ терени во Премиерлигата, ќе му бидат потребни „специјални копачки“, т.е. не сакал да ризикува.

Оттогаш Нејмар има настапувано на англиските терени во дресот на Бразил, а во следната фаза од Лигата на шампионите ќе игра токму на својот несуден стадион, „Етихад“, па ќе има можност да ги потврди или негира своите верувања.

Се согласуваме дека сончевата Барселона секогаш има карта повеќе во преговорите со конкурентите, додека предрасудите од ваков вид одат на сметка на Англичаните.

Во секој случај, многу чудно „оправдување“, нели?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП