27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоколку не го купат Ројс, планот „Б“ на Баерн е Стерлинг!

Доколку не го купат Ројс, планот „Б“ на Баерн е Стерлинг!

sterling 354

Напаѓачот на Ливерпул, Рахим Стерлинг може да ја продолжи кариерата во Баерн, објави „Bild“.

Според информациите од германскиот шампион го гледаат младиот фудбалер како алтернатива на Марко Ројс, кој на крајот може да остане во Борусија или да се пресели во некој друг клуб.

Во договорот на 25-годишниот германски репрезентативец постои опција, според која тој може да биде продаден за 25 милиони евра на крајот на оваа сезона. За неговиот потпис сепак се борат исто така Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Арсенал и Реал.

Тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола е незадоволен од тоа дека преговорите за Ројс се во застој и побарал од раководството да ја разгледаат можноста за доведување на Рахим Стерлинг.

Неодамна од Ливерпул понудија големо зголемување на платата на 20-годишниот талент, но неговиот договор се уште не е реализиран и тој може да ја продолжи кариерата на друго место особено во поглед на претставувањето на Ливерпул во последно време.

Од почетокот на сезоната Стерлинг има три гола и четири асистенции на 23 натпревари од сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП