21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛегендата на Арсенал, Тиери Анри ја прекина кариерата (фото)

Легендата на Арсенал, Тиери Анри ја прекина кариерата (фото)

tieri anri 1

Поранешниот напаѓач на Арсенал и француската репрезентација Тиери Анри објави крај на својата фудбалска кариера.

Легендата на „топџиите“ се раздели со играта по 20 продуктивни години на теренот и ќе влезе во улогата на аналитичар и коментатор за „Скај Спортс“.

tieri anri 2

Во почетокот на месецот, 37-годишниот Французин го напушти „Њујорк Ред Булс“, но се појавија информации дека ќе продолжи да се натпреварува за друг клуб. Денес светскиот шампион за 1998-ма година конечно го отфрли ваквиот потег.

„За мене сето тоа беше едно неверојатно искуство“, рече Анри, кој во својата богата кариера има играно уште за Јувентус, Барселона и Монако. Тој има 175 гола во Премиерлигата и го зазема четвртото место на вечната листа на реализатори.

tieri anri 3

Напаѓачот има две титули од Премиер лигата и три трофејот од ФА купот со Арсенал, каде играше помеѓу 1999-та и 2007-ма година. Французинот ја освои Лигата на Шампионите со Барселона во 2009-та година и се врати во Арсенал за четири натпревари во 2012-та година, како позајмен играч од Ред бул. Тогаш тој влезе како резерва и го постигна победничкиот гол против Лидс во третиот круг од ФА купот.

Неодамна тој ја отфрли варијантата за ново враќање на „Емирати“.

tieri anri 4

„Нема како да се разделам со Арсенал. Но колку враќања може да направи човек? Во еден момент тоа ќе се покаже како лош потег. Сите го сакаме првиот „Роки“, но не сум толку сигурен за последниот филм“, изјави Анри за „Скај Спортс“.

Рекордер по голови за Франција го направи своето професионално деби со Монако во 1994-та година и помогна на тимот да стигне до титулата во Лига 1 во 1997-ма година.

tieri anri 5

„Би сакал да се заблагодарам на сите фанови, соиграчи и вработени на Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона, Њујорк Ред Булс и француската репрезентација, кои го направија мојот престој во фудбалот толку посебен“, изјави Анри.

„Имам извонредни спомени (повеќето од нив добри) и одлични искуства. Се надевам дека ќе уживам во играта отстрана, како и кога бев дел од неа. Ќе се видиме од другата страна“, додаде легендата на Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП