Поранешниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер почна да трпи и финансиски загуби по падот во француските Алпи од пред речиси една година. Тогаш Германецот заработи тешка повреда на главата и падна во кома, и се уште не може да се опорави.
Шумахер ќе губи по 5 милиони евра годишно од прекинатите договори за имиџ-права со различни модни и козметички компании.
Околу 5 милиони евра чини годишното лекување на возачот, кое вклучува лекарски тим од 15 лица, изнајмување на опрема и лекови.
Засега само неколку компании се откажаа од Германецот, но нивниот пример може да биде проследен и од други во новата година.
Единствено Мерцедес објави дека ќе остане засекогаш со Шумахер и изрази подготвеност за секаков вид поддршка кон неговото семејство.