ИНТЕРЕСНО

Коби Брајант го надмина Мајкл Џордан според постигнати поени (видео)

kobebryant11

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант постигна 26 поени при победата на тимот со 100: 94 над Минесота Тимбервулвс. Така 36-годишниот бек забележа 32.310 поени за целата кариера и го надмина Мајкл Џордан на третото место на вечната реализаторска листа во НБА.

Брајант го започна натпреварот со девет поени помалку од „летечкиот Мајк“ и во втората четвртина на натпреварот веќе беше понапред од поранешниот играч на Чикаго Булс и Вашингтон Визардс. Џордан има 32.292 поени за целата кариера во НБА, која траеше 15 години и вкупно 1.072 натпревари.

Коби Брајант ја игра 19-тата сезона во НБА и во моментов одиграл 1.269 средби во дресот на „езерџиите“. Пред него на вечната реализаторска листа во НБА се само Карим Абдул-Џабар (38.387 поени) и Карл Мелоун (36.928 поени).

ТОП 10 најдобри реализатори во историјата на НБА:

  1. Карим Абдул-Џабар – 38.387 поени
  2. Карл Мелоун – 36.928 поени
  3. Коби Брајант – 32.310 поени
  4. Мајкл Џордан – 32.292 поени
  5. Вилт Чембрлен – 31.419 поени
  6. Шекил О’Нил – 28.596 поени
  7. Моузес Мелоун – 27.409 поени
  8. Елвин Хејс – 27.313 поени
  9. Дирк Новицки – 27.223 поени
  10. Хаким Олајџувон – 26.946 поени