Пред неколку дена се појави информацијата дека Манчестер Сити е многу заинтересиран да го види Пол Погба во своите редови, но тие не се единствените од Премиерлигата…
Раководството на „граѓаните“ пред неколку дена беа на состанок со Рајола, познатиот менаџер на Пол Погба (како и на Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели), а според информациите на Танкреди Палмери, познатиот италијански новинар, двете страни биле задоволни по овој состанок.
Сепак, како што сега јавуваат англиските медиуми, не е само Сити заинтересиран за одличниот фудбалер на Јувентус.
Манчестер Јунајтед се откажа од овој фудбалер, но е и клубот кој повторно сака да го види својот поранешен играч во своите редови, а покрај нив сериозен е и Арсенал.
Венгер мора итно нешто да менува во својот тим, тој често во последно време е на удар на симпатизерите на Арсенал, па се очекува нешто да превземе за да го зачува своето место на „Емирати“.
Пол Погба пред неколку недели потпиша нов договор со Јувентус, но тоа не ги спречува клубовите во обидите да го доведат овој фудбалер во своите редови.
Цената на Пол Погба изнесува околу 50 милиони евра, па останува да се види кој ќе биде подготвен да ја плати.