26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ја започна офанзивата за привлекување на Монтоја

Јувентус ја започна офанзивата за привлекување на Монтоја

montoja 34

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи заминал за Барселона, каде што ќе започне преговори за десниот бек на „каталонците“, Мартин Монтоја, соопштува италијанските медиуми.

Агентот на Монтоја, Хуан де Диос Караско потврди дека фудбалерот е подготвен да преговара со клубови кои пројавуваат интерес за неговиот потпис, бидејќи не добива доволно шанси за докажување од тренерот на Барса, Луис Енрике.

Од почетокот на сезоната шпанскиот репрезентативец играше единствено при победата на Барселона над Атлетик Билбао во септември.

Покрај Јувентус, интерес кон фудбалерот пројавуваат уште Интер, Милан, Арсенал, Ливерпул и Евертон.

Иако Монтоја не е прв избор на Енрике, Барселона не сака да го продава фудбалерот, особено откако ФИФА забрани на клубот да врши трансфери поради нарушувања при купувањето на фудбалери под 18 години во периодот меѓу 2009-та и 2013-та година.

Монтоја започнува да тренира во школата на Барселона на девет години. Дебитираше за првиот тим на 26-ти февруари 2011-та година, кога се појавува како резерва при победата на „каталонците“ со 3:0 над Мајорка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП