5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Бур е најсериозен кандидат да го замени Роџерс

Де Бур е најсериозен кандидат да го замени Роџерс

frank-de-boer2222

Раководството на Ливерпул повторно ги разгледува можностите за нов тренер. Според медиумите во Холандија, „црвените“ повторно побарале контакт со тренерот на Ајакс.

Шефовите на англискиот гигант го сакале Де Бур во клубот уште пред две години, кога беше отпуштен Кени Далглиш. Сепак, тогаш Де Бур изјавил дека се уште има многу незавршена работа во Ајакс, а и дека не сака да го преселил своето семејство и ја отфрлил понудата.

Но од Ливерпул, сепак потворно го побарале холандскиот стратег кој има 4 последователни шампионски титули со Ајакс.

Како што е познато, „црвените“ се претставуваат лошо од почетокот на сезоната и гласините за претстојното разрешување на Брендон Роџерс се се поголеми. Де Бур сепак нема да се согласи да го преземе тимот на средината на сезоната, а најрано тоа може да се случи во текот летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП