
Џо Харт ќе добие нов договор во Манчестер Сити вреден 140.000 фунти неделно, па така тој ќе стане најплатениот голман во светот.


Џо Харт ќе добие нов договор во Манчестер Сити вреден 140.000 фунти неделно, па така тој ќе стане најплатениот голман во светот.
Харт во 2006-та пристигна во Сити за 600.000 фунти од Шрузбери, минатата сезона за малку ќе останеше без место во тимот, но и покрај доаѓањето на Вили Кабаљеро, оваа тој повторно заблеска.
„Се надевам дека наскоро ќе го продолжам договорот. Го сакам ова место и се што е поврзано со Манчестер Сити. Тука сум веќе подолго време, се чувствува дека Сити е мој клуб и сакам да се задржам подолго“, вели 27-годишниот голман.
Харт со „граѓаните“ освои две титули во Премиерлигата и по еден ФА Куп и Лига куп. Тој е и прв голман на репрезентацијата на Англија за која бранеше 48 пати.