26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија ја пронајде замената за Ројс, а тоа е Ел Шарави

Борусија ја пронајде замената за Ројс, а тоа е Ел Шарави

el sarava 3

Крилниот напаѓач на Милан, Стефан Ел Шарави е фаворит за заменик на Марко Ројс во Борусија Дортмунд, тврдат медиумите во Италија.

Според информациите, луѓе од раководството на германскиот тим веќе стапиле во контакт со претставници на „малиот Фараон“, како што го нарекуваат Ел Шарави во Италија.

Се очекува на крајот на сезоната Марко Ројс да биде продаден, а неговата позиција на теренот да ја заземе токму Ел Шарави. Можно е сепак до трансфер да се дојде уште во јануари.

Како што можеше да се прочита во медиумите, од Милан се подготвени да го испратат Ел Шарави во Дортмунд, а во замена да ги добијат правата на Чиро Имобиле, кој не може да се навикне на животот во Бундеслигата и разочара по трансферот од Торино во текот на летото.

Најверојатно во наредните денови Милан и Борусија Дортмунд официјално ќе ги стартуваат преговорите за размена на споменатите играчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП