4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден шејк кој ја враќа енергијата

Природен шејк кој ја враќа енергијата

boximage (27)

По физичкиот напор, неопходно е да им овозможите на мускулите закрепнување и да ги подготвите за пoнатамошните активности во денот, а во тоа може да ви помогне овој здрав протеински напиток.

Овој вкусен шејк е комплетно природен и сите негови состојќи благотворно делуваат на здравјето бидејќи содржат мноштво витамини, минерали и растителни влакна.

Тој ќе ви помогне да ја повратите енергијата изгубена на тренингот по напорната работа, ќе ја стабилизира работата на дигестивниот тракт, ќе ве освежи и ќе го подготви вашето тело за нови напори.

Потребни ви се:

– ½ банана со средна големина

– 2 јаболки со средна големина

– 40 грама боровинки

– една рака искршен мраз

Во соковник исцедете сок од јаболките. На сокот додадете му го мразот, боровинките и бананата истовремено и сето тоа измешајте го во блендер. Напитокот пијте го непосредно по подготовката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП