5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно штрајкуваат вработените на Amazon во Германија

Повторно штрајкуваат вработените на Amazon во Германија

strajk amazon 234

Вработените на „Amazon.com“ во Германија излегоа на протест во обид да преговараат со американската компанија за условите за добивање на платите за најфрекфентниот период во годината – божиќните и новогодишните празници, пишува „Reuters“.

Штрајкот е во две складишта во Германија, но се уште не е јасен бројот на работници кои се вклучени во акцијата.

„Ние можеме да го удриме „Amazon“ во болното место со овој штрајк“, посочуваат демонстрантите.

Во принцип нарачките започнаа значително да се зголемуваат од понеделниците поради божиќните понуди кои „Amazon“ ги нуди во рамките на својата компанија „Cyber Monday“.

Незадоволните работници одржуваат штрајкови во неколку од деветте германски магацини на компанијата уште од пролетта 2013-та година. Тие сакаат, гигантот во сферата на електронската трговија да ги признае барањата на вработените во магацините и да се ангажира со договори за платите, што ќе им овозможи поголема безбедност на самите работници.

„Додека „Amazon“ одбива да се брани и да ги почитува своите вработени и да не преговара со нив платите, ние ќе продолжиме да вршиме притисок“, посочуваат демонстрантите.

„Amazon“ го минимизираше ефектот од штрајкот, посочувајќи дека во него се вклучиле едвај 310 работници.

Компанијата има околу 10 илјади постојани работници во магацините во Германија и вработување на уште 10 илјади за сезонска работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП