20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитки за последните места во следната фаза од ЛШ

Битки за последните места во следната фаза од ЛШ

shampionska-liga

Оваа вечер ќе се одиграат последните средби во групната фаза на Лигата на шампионите во групите „A“, „Б“, „Ц“ и „Д“.

Ливерпул и Базел ќе се борат за второто место во групата „Б“. Англичаните имаат проблеми во домашното првенство, но во последно време собраа 7 поени од последните 3 натпревари.

На Базел му треба бод за да си ја обезбеди втората позиција. Швајцарците ќе се во полн состав, а дури и капитенот Марко Шрелер е подготвен за игра, но најверојатно Паоло Соуса ќе се довери на младиот Емболо.

Во вториот натпревар од оваа група, лидерот на табелата, Реал Мадрид, го пречекува бугарскиот претставник Лудогорец.

Во групата „А“, Јувентус и Атлетико Мадрид ќе треба да го одредат победникот од оваа група, а „старата дама“ ќе има шанса да ја освои групата при победа со два гола разлика, бидејќи ќе е со подобри показатели во директните натпревари против „јорганџиите“. Средбата ќе е повеќе од интересна, а реми ги праќа и двата тима во следната фаза.

Во Грција, Олимпијакос го пречекува Малме со надеж за успех над Швеѓаните и продолжување во Европа.

Во групата „Ц“ работите се повеќе од комплицирани. Монако ќе се сретне со Зенит, а Бенфика е домаќин на Леверкузен, па на „аспирините“ ќе им биде доста тешко на стадионот Луш во Лисабон.

На табелата Леверкузен е прв со девет бодови, „кнезовите“ имаат 8 поени, а пак Зенит е трет со седум.

Во група „Д“ работите се речиси јасни. Белгискиот Андерлехт ќе ја продолжи борбата во Лига Европа, а Арсенал и Борусија Дортмунд ќе се обидат да дојдат до првата позиција. Дортмундци, како лидери и со два бод пред второпласираните „топџии“, ќе го пречекаат белгискиот тим, а Арсенал гостува во Турција кај Галатасарај, кој отпадна од борбата, но ќе се „фрли“ во битка со Англичаните за чест, а и за пари.

Сите средби се од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП