17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM врти милијарди долари во „облак“ бизнисот

IBM врти милијарди долари во „облак“ бизнисот

ibm 242

Трендот на „outsourcing“ е во голем пораст во информатичката индустрија, а последните информации говорат во прилог на тоа дека големите компании на се повеќе надворешни изведувачи им го доверуваат водењето на своето работење во „облак“ услугите.

Еден од лидерите во тој сегмент, „IBM“, во последниот квартал потпиша неколку многу вредни договори поврзани со „outsourcing“, токму со „cloud“ услугите.

Најголемата светска компанија која се занимава со медиумско рекламирање, британски „WPP“, потпиша договор со „IBM“ за „outsourcing“ на своето работење во „облак“, во следните седум години. Вкупната вредност на овој договор е 1.25 милијарди долари.

Оваа недела беше објавено дека и холандската банка „ABN Amro“ исто така ќе го довери своето „cloud“ работење на „IBM“, a компанијата на банката ќе и понуди и логистички услуги и информатичка инфраструктура. Минатиот месец „IBM“ потпиша договор и со „Lufthansа“, според кој од овој авиопревозник ќе ја превземе инфраструктурата и вработените во „IT“ одделот. Вредноста на овој договор исто така е од 1.25 милијарди долари.

Европскиот директор на „IBM“ за „outsourcing“, Барт Ван ден Даеле, најави склучување на уште неколку слични договори во блиска иднина. Според него, овој тренд покажува дека европските компании се подготвени да прифатат приклучок со глобалните корпорации и да ја преселат главницата од своето работење во „облак“, па така подобро да се поврзат со своите подружници и вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП