6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал денеска ќе доведе ново засилување?

Реал денеска ќе доведе ново засилување?

lukas real 4

Реал Мадрид е екипата која е во најдобра форма во цела Европа во овој момент, а раководството на клубот најверојатно денеска ќе официјализира уште еден трансфер.

Пред извесно време пишувавме дека „кралевите“ многу се заинтересирани во своите редови да го видат одличниот играч на Крузеиро, Лукас Силва, а покрај Реал во игра е Интер, но „галактикоси“ се се поблиску до овој фудбалер.

Денеска најверојатно би требало да се реши кога станува збор за трансферот на овој фудбалер.

Тој се споменува како идеална замена за Кедира на кој му истекува договорот на крајот на оваа сезона и кој најверојатно во јануари ќе си замине од „Бернабеу“.

Потврдата дека Лукас ќе дојде во Реал пристигна и од неговите соиграчи од Крузеиро, кои говорат за тоа дека ова момче ги има сите карактеристики да заигра во еден така голем клуб, како што е Реал Мадрид.

Крузеиро сака 15 милиони, а Реал понуди 12 милиони, но не е нешто што неможе да се поправи, барем тоа не е проблем со „кралевите“.

Шпанските медиуми објавија дека договорот ќе се реализира денеска и дека е прашање на време кога тој ќе стане реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП