10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвра се враќа меѓу „ѓаволите“!?

Евра се враќа меѓу „ѓаволите“!?

evra juve 324

Не само Немања Видиќ, туку уште еден поранешен фудбалер на „ѓаволите“ би можел да се врати во клубот.

Поранешните асови на Јунајтед не се вклопија во Италија. Видиќ повеќе не е стандарден во Интер, Патрис Евра игра за Јувентус, но само благодарејќи на фактот дека Асамоа е повреден.

Французинот не е ниту сенка на некогашниот играч, не му одговара Италија, не се вклопува ниту во формацијата на Алегри, а вчера против Фиорентина беше еден во најслабите, во нападот не стори ништо.

Јувентус го плати 2 милиони, но вложи во неговата плата и сега од клубот сакаат да се ослободат од него.

Поради тоа се подготвени да го пуштат назад во Јунајтед, а од позајмица од Парма да го вратат Де Чеље.

Најверојатно и од Јунајтед контактирале со својот поранешен фудбалер, кој би можел по само шест месеци да се врати на „Олд Трафорд“. Него Ван Гал сакаше да го задржи, но Евра инсистираше да замине во Серија А, но како што моментално стојат работите, тој погреши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП