22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо 70 милиони фунти „кралевите“ тргнуваат по Азар

Со 70 милиони фунти „кралевите“ тргнуваат по Азар

azard eden

Позната е тактиката на претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез во секој трансфер период да купува мегаѕвезда, а следен на листата би можел да биде Еден Азар.

Медиумите на Островот истакнуваат дека раководството на Реал Мадрид веќе подготвило 70 милиони фунти, па сакаат да видат како Челзи и Жозе Мурињо ќе реагираат на ваквата понуда.

Азар е еден од најважните фудбалери на Челзи, па „сините“ минатото лето добро се одбранија од богатите понуди на ПСЖ и успеаа да го задржат Белгиецот на „Стенфорд Бриџ“.

Наводно, Челзи веќе има подготвено нов договор за Азар со цел да го обврзе да остане во Англија подолг период, но и да ги задоволи неговите финансиски апетити.

Останува да видиме дали Челзи ќе успее да се одбрани од нападите на Реал Мадрид, се разбира доколку тие навистина постојат, бидејќи „кралевите“ моментално имаат одлични поединци кои играат на позицијата на Азар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП