19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте ќе го превземе ПСЖ!?

Конте ќе го превземе ПСЖ!?

konte 335

Селекторот на Италија, Антонио Конте е во радарот на францускиот шампион ПСЖ, тврди електронското издание „Фудбал Италија“, кој се повикува на свои извори од Франција.

Во моментов претставувањето на „принцовите“ не е особено импресивно и наместо тимот да е убедлив лидер на табелата, со оглед на супериграчите во составот, екипата е во битка со Марсеј за првото место.

Конте ја презеде функцијата во репрезентативниот тим на Италија во текот на летото, откако освои три титули со Јувентус.

Раководството на клубот од Париз сериозно ја разгледува можноста да му се заблагодари на Блан и да го вработи екс-тренерот на „Старата дама“.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, исто така е една од главните цели за францускиот шампион, а се верува дека тој има поголеми шанси од Конте да го преземе тимот, но ако одлучи да остане во шпанскиот клуб, што е сосема веројатно, тогаш ПСЖ ќе се насочи кон екс-тренерот на Јувентус.

Поранешниот директор на ПСЖ и екс-тренер на Интер и Милан Леонардо исто така е меѓу варијантите за парискиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП