9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо околу нови 150 милиони фунти ќе се создаде „Ван Галактикос“

Со околу нови 150 милиони фунти ќе се создаде „Ван Галактикос“

van gal so falkao

Луис ван Гал изгледа ќе добие уште една финансиска инекција од околу 150 милиони фунти за следното лето, за да ја врати класата на Манчестер Јунајтед.

Клубот потроши над 150 милиони минатото лето за седум нови играчи, вклучувајќи го Анхел ди Марија за рекордни речиси 60 милиони фунти за британскиот фудбал.

Според различни медиумски информации на Островот, сепак клубот е подготвен да обезбеди такво финансирање и следното лето, за да може тимот да игра повторно главна улога во европскиот фудбал. Некои од медиумите се поскромни во оценките, но други стигнуваат и до вселенски суми – од 100 милиони според „Сан“, „Телеграф“ и „Индипендент“, 135 милиони според „Тајмс“ до 200 милиони според „Дејли стар“.

„Црвените ѓаволи“ ги оставија зад себе проблемите од почетокот на сезоната и по серија од четири последователни победи се искачија на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Во Манчестер дури се зборуваше дека може да биде поддржана т.н. политика „Вал Галактикос“, која цели да биде купен играч од светска класа на секоја позиција. Таквата политика ја поддржува и потпретседателот Ед Вудворд.

Ван Гал бил подготвен со листата од желби, а во неа се наоѓаат Ариен Робен од Баерн, Матс Хумелс од Борусија Дортмунд, Кевин Строотман од Рома и Диего Годин од Атглетико Мадрид.

Марко Ројс се наоѓа во проширената листа според „Дејли мирор“. Покрај тоа, Манчестер Јунајтед, ќе треба да одлучи што да прави со позајмениот напаѓач од Монако, Радамел Фалкао.

Клубот очекува да ги добие средствата од најдобрата продажба на маркетинг одделот, но и од продажба на голем број на играчи. Весниците „Гардијан“ и „Дејли мирор“ сметаат дека Андрес Линдегаард, Андерсон, Нани, Хавиер Хернандез, Том Клеверли, Ник Пауел, Вилфред Заха, Рис Џејмс и Мајкл Кин ќе го напуштат клубот.

Договорите на Робин ван Перси, Ешли Јанг, Фил Џонс, Крис Смолинг и Рафаел ќе влезат во последната година од договорите во следната година, што може да доведе до продажба на некој од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП