12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTотенхем го „краде“ младиот играч на ПСЖ!?

Tотенхем го „краде“ младиот играч на ПСЖ!?

rabio 54

Иако потпиша нов договор со „светците“, Адриан Рабио не престанува да го привлекува вниманието!

Рабио е играч кој долго време беше поврзуван со Рома. По потпишувањето на новиот договор, трансфер шпекулациите исчезнаа, но во англиските медиуми се појави „бомба“ дека Тотенхем веќе има се договорено за преминување во нивните редови на овој млад играч и тоа во јануари.

Доколку ова стане реалност, не само што Рома ќе остане со кратки ракави, туку и Арсенал, поради тоа што е познато дека Венгер долго време го следи Рабио и се очекуваше тој наскоро да тргне во акција.

Тотенхем во најголема тајност ги водеше преговорите и со клубот и со играчот, а сега се наведува дека сите услови се договорени, а преминувањето на задниот везен играч на ПСЖ би требало да биде објавено веднаш по отворањето на трансфер прозорецот.

Не е познато колкаво ќе биде обештетувањето, ниту за колку ќе потпише Рабио, но оваа вест би требало да се земе со резерва, поради тоа што младиот француски репрезентативец пред некој месец потпиша нов договор со клубот од Париз.

Рабио има важечки договор со ПСЖ до 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП