6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров е најдобар десен бек за 2014-та

Лазаров е најдобар десен бек за 2014-та

kire lazarov

Нашиот Кире Лазаров е најдобар десен бек на светот за последните 12 месеци, по објавувањето на резултатите од гласањето на ракометниот портал „Хендболпланет“ за најдобрите во 2014-та.

Титулата за најдобар играч во оваа година отиде во рацете на Никола Карабатиќ, кој исто така како Лазаров настапува во дресот на Барселона, но огромен удел во одлуката има златото со Франција на ЕП во јануари. Интересно е тоа што европскиот првак Фленсбург нема ниту еден претставник во идеалниот тим, а некаква утеха е тоа што Тобијас Карлсон е избран за најдобар дефанзивец.

kire lazarov najdobar1

Барселона има уште еден претставник, иако со заслуги од настапите во Кил, а тоа е Гудјон Валур Сигурдсон на левата крилна позиција. ПСЖ има два свои претставници, а тоа се Микел Хансен и Лук Абало, како леб бек и десно крило, најдобар пивот е Хулен Агинагалде од Кјелце, а најдобар голман Никлас Ландин од Рајн-Некар.

Изборот го правеше жири од 23 ракометни експерти од Европа, Азија и од Јужна Америка, комбинирани со гласовите од читателите на „Хендболпланет“. Малку недостигаше признанија да добијат и „вардарците“ Тимур Дибиров и Арпад Штербик, затоа што беа убедливо први според гласовите на публиката. Во изборот за најдобар десен бек конкурираше и Ренато Вугриенц, но Кире Лазаров ги доби симпатиите.

kire lazarov najdobar222

Најдобар тим за 2014-та

лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)

лев бек – Микел Хансен (ПСЖ)

среден бек – Никола Карабатиќ (Барселона)

десен бек – Кире Лазаров (Барселона)

десно крило – Лук Абало (ПСЖ)

пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)

голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)

дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП