4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигна новиот Samsung Galaxy Note 8.0

Пристигна новиот Samsung Galaxy Note 8.0

samsung-note

Компанијата Samsung Electronics Ltd, глобалниот лидер во областа на дигиталните медиуми и технологија на дигитални конвергенции го најави лансирањето на GALAXY Note 8.0, првиот таблет компјутер во светот со големина од 8-инчи. GALAXY Note 8.0 ја претставува новата ера на интелигентни Note технологии која повторно ќе ја иницира категоријата таблет компјутери со средна големина кои Samsung ги разви во 2010 година. GALAXY Note 8.0 обезбедува незаменливи мултимедијални перформанси во рамки на компактниот екран и поседува моќ и напредна технологија која носи еволуција во таблет искуствата. Овој уред ќе ви овозможи да остварите ново ниво на ефикасност во multi-tasking функциите додека истовремено ги користите врвните функции за гласовен повик. Покрај тоа, интелигентниот “S Pen“ ги комбинира најновите иновации и едноставност во користењето на традиционалните молив и хартија, создавајќи софистицирано мобилно искуство што ќе го подобри брзиот начин на живот.

„Во 2010 година со промоцијата на првиот Samsung GALAXY Tab уред со 7-инчен екран почна ново поглавје во мобилната индустрија. Три години подоцна, Samsung продолжува да го унапредува овој сектор кој ги задоволува барањата за современиот начин на живот“, изјави Dž. K. Šin, Претседател на компанијата за IT и мобилни комуникации во рамки на Samsung Electronics Ltd.

galaxy-note8

„GALAXY Note 8.0 ќе внесе нова димензија во оваа категорија, бидејќи претставува совршен спој на преносливост и секојдневна продуктивност што резултира со пионерско решение на џебно издание кое го збогатува и подобрува секојдневниот живот, без разлика дали е тоа работа или забава“, додаде Šin.

Во срцето на иновативните решенија на уредот GALAXY Note 8.0 се наоѓаат корисни функции, вклучувајќи и опции за отворање на повеќе прозорци истовремено, при што преносливиот 8-инчен екран се дели за да овозможи оптимален пристап до поголем број на апликации. Исто така, постои и нова генерација на интелигентни пенкала од Samsung – “S Pen“ со понапредни можности за користење, како и пристап до комплетниот “S Note“ формуларот и алатките кои овозможуваат да се креираат, уредуваат, управуваат и објавуваат секојдневни документи. Технологијата на Samsung за „читачки начин на работа“ ви овозможува да уживате во електронските книги со оптимизирана резолуција, видео и гласовни пребарувања. Покрај тоа, збир на нови и возбудливи содржини и сервиси се однапред инсталирани за корисниците, без дополнителни трошоци. На новиот Samsung GALAXY таблет за прв пат ќе се најдат и иновативните опции Flipboard и Awesome Note.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП