19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер го посакува Подолски

Интер го посакува Подолски

podolski

Напаѓачот на Арсенал Лукас Подолски е посакуван од италијански Интер, а „нероазурите“ се подготвени да го привлечат Германецот во својот состав.

29-годишниот фудбалер е во сферата на интересите и на други водечки италијански тимови, како што се Јувентус и Наполи.

Подолски бил гледан од скаут на Интер на натпреварот на Арсенал против Саутемптон, но Германецот одигра само 9 минути во оваа средба.

Тренерот на „нероазурите“ Роберто Манчини одамна е заинтересиран за напаѓачот кого го сакаше да купи уште додека беше на чело на турски Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП