18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан подготвува 35 милиони евра за Мартинез

Милан подготвува 35 милиони евра за Мартинез

Jackson-Martinez333

Италијанскиот гигант Милан повторно е заинтересиран за напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез, пренесува „Тутоспорт“.

„Росонерите“ неодамна финансиски се подобрија откако потпишаа петгодишен договор со „Емирати“, па така нивната заработката ќе изнесува од 85-100 милиони евра.

Според информациите, Милан е импресиониран од колумбискиот напаѓач кој го подобри својот биланс на реализирани погодоци и за него се подготвени да дадат 35 милиони евра.

Иако има конкуренција во премиерлигашите Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, италијанскиот клуб верува дека има доволно финансии да победи во оваа трка за потписот на Колумбиецот.

28-годишниот играч досега има 54. постигнати голови во 71 лигашки настап во дресот на Порто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП