6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро е број 1 во Англија според навивачите

Агуеро е број 1 во Англија според навивачите

anglija guero 2

Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро ја освои наградата од навивачите за најдобар играч во текот на годината. Аргентинецот ја доби наградата на церемонијата во Лондон во анкетата организирана од Федерацијата на фудбалски навивачи.

„Ова е многу среќен ден за мене. Избран сум за играч на годината и сум номиниран за идеалниот тим на ФИФА. Сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, на колегите и на сите љубители на фудбалот во Англија. Оваа награда е чест за мене“, напиша Агуеро во „Твитер“.

По 13 одиграни кола во Премиерлигата во оваа сезона, Агуеро е на чело на листата на најдобар стрелец со 12 гола и има 17 гола во сите натпреварувања. Во 2014 година тој е на второ место со 16 гола по Вилфред Бони од Свонси кој имаше 17 погодоци.

Минатата година наградата ја доби Луис Суарез, кој тогаш играше за Ливерпул, а сега ги брани боите на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП