13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГигс уште една година на Олд Трафорд

Гигс уште една година на Олд Трафорд

giggs

Прославениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го продолжи договорот со англискиот тим на уште една година и ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2014-та година.

„Што можам да кажам за Гигс, а веќе да не е кажано? Тој е фантастичен фудбалер и голем човек. Вистински пример за сите во клубот, особено кога е во прашање оддржувањето на формата на високо ниво. Гигс има фантастична енергија на теренот и тоа е одлично да се гледа. Неговата форма и уживање на теренот оваа година се можеби најголеми досега и апсолутно сум одушевен што прифати да потпише нов договор“, истакна менџерот Феругсон.

Самиот „волшебник“ од Велс кратко го прокоментира новото ставање на потпис за верност со клубот од „Олд Трафорд“.

„Одлично е чуството. Сакам да им се заблагодарам на Фергусон и на стручниот штаб, но и на Дејвид Гил кој ми беше неверојатна поддршка во текот на мојот престој тука“, изјавил Гигс.

Гигс на 29-ти ноември ќе наполни 40 години, а во сабота против Норвич би требало да го одигра 1000-итиот натпревар во кариера.

Велшкиот репрезентативец досега во дресот на Јунајтед дојде до 12 титули во Англија, две во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство и по четири во ФА и Лига куповите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП