2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити сака да го задржи Лампард до крајот на сезоната

Сити сака да го задржи Лампард до крајот на сезоната

frenki lampa 3

Фудбалерот на Манчестер Сити, Франк Лампард може да остане во клубот и по Нова година, информираат медиумите во Велика Британија.

36-годишниот играч кој има 4 натпревари како стартер и 5 гола откако дојде на „Етихад“, е во сопственост на Њујорк Сити и игра како позајмен играч до крајот на годината во шампионот на Англија.

Одличните настапи во „небесносиниот“ тим, сепак може да го одложи неговото заминување од другата страна на Океанот. Раководството на Манчестер Сити му предложило бонус од 4 милиони фунти на играчот, ако остане и тимот ја освои титулата втора година по ред. При зачувување на пехарот, секој од фудбалерите на Мануел Пелегрини ќе добие и дополнителни 2 милиони фунти.

Во моментов не е јасно дали Лампард сака да остане во Англија, или ќе го исполни договорот со американскиот клуб, но треба да се напомене дека и разликата во неделната плата е солидна. Во Њујорк, Лампард ќе заработува по 85.000 фунти, додека кај „граѓаните“ тој зема по 190.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП