19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал ќе ја засилува последната линија во тимот

Ван Гал ќе ја засилува последната линија во тимот

defanzivci van gal

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал ќе се обиде да ја зајакне одбраната на тимот, која се претставува многу неодлучно од почетокот на сезоната.

Поради повреди, речиси сите дефанзивци на „црвените ѓаволи“ ќе ги пропуштат натпреварите до крајот на годината. Рафаел да Силва веќе ги обнови тренинзите, но Лук Шо, Маркос Рохо, Џони Еванс и Фил Џонс се далеку од враќањето во игра.

Според печатот на „Островот“, Ван Гал има зацртано тројца фудбалери, од кои еден од нив се надева да го доведе уште во јануари. Во листата на Холанѓанецот спаѓаат неговиот сонародник Рон Влаар, Матс Хумелс и Диего Годин.

Влаар не брза да го обнови договорот со Астон Вила, но преговорите продолжуваат. Борусија тешко дека ќе се раздели со Хумелс пред летото, а Годин има ослободувачка клаузула од 36 милиони евра.

Се смета дека токму Уругваецот е приоритет во плановите на Ван Гал. 28-годишниот дефанзивец има договор со Атлетико Мадрид до 2018-та година, а во текот на летото беше посакуван од Баерн Минхен, но на крајот „баварците“ потпишаа со Меди Бенатија.

Покрај овие тројца уште се споменуваат и имињата на Фабијан Шер од Базел, Рафаел Варан од Реал Мадрид и Александар Драгович од Динамо Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП