22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Специјалниот“ ќе остане подолго време на „Стемфорд Бриџ“

„Специјалниот“ ќе остане подолго време на „Стемфорд Бриџ“

murinjo selekcija

Раководството на Челзи веќе размислува да му предложи нов договор на својот менаџер Жозе Мурињо. Веста доаѓа само неколку дена откако се појавија информациите дека Португалецот е поврзуван со својот поранешен клуб Барселона.

Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“ по втор пат во јуни 2013-та година, кога потпиша договор за четири сезони.

„Не мислам за следното место, бидејќи не сакам да имам такво. Мојата следен потег ќе биде кога од Челзи одлучи дека е време за него. Јас сум тука за да останам. Јас припаѓам на Челзи и Челзи ми припаѓа на мене“, коментира Мурињо во типичен стил.

Според различни извори, раководството на „сините“ ќе му понуди нов договор на Мурињо уште во јануари. Во моментов тимот од Лондон е лидер во Премиер лигата и главен претендент за титулата во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП