17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏерард ќе добие нов договор

Џерард ќе добие нов договор

stivi g 35

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард добил предлог за нов договор, изјави менаџерот на „црвените“ Брендан Роџерс. Тренерот ги негираше тврдењата дека е во конфликт со 34-годишниот играч од средниот ред.

Во саботата Џерард остана резерва при победата со 1:0 против Стоук Сити и влезе во игра 15 минути пред крајот. Тој не се најде во почетниот состав во натпревар од Премиерлигата за прв пат од успехот со 2:0 против Хул Сити на 1-ви јануари.

Капитенот кој добива многу критики за играта во оваа сезона, има договор до летото 2015-та година. На крајот на октомври тој рече дека ако не добие предлог за нов договор, ќе премине во друг тим.

Роџерс изјави дека Џерард ќе има време да размисли за понудата, додавајќи дека финансиската страна на договорот воопшто не е на дневен ред.

„Ова е голем чекор во неговиот живот. Веројатно има многу нешта за кои Стивен сака да помисли, но сигурно едно од нив не се парите. Разговараме со него доволно долго и често“, изјави Роџерс на прес-конференцијата пред натпреварот со Лестер во вторник.

„Јас сакам да работам со Стивен. Уживам во секоја една минута и се надевам тоа дека ќе продолжи. Нема никаков проблем помеѓу нас“, додаде менаџерот на Ливерпул.

Во текот на неговата кариера, Џерард не носел дрес на друг тим. Тој е момче на Ливерпул, а во 1998-ма година дебитираше за првиот тим. Халфот ја тера својата 17-та сезона кај „црвените“, а има одиграно 700 натпревари во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП